Менкиноски ќе бара правда во Стразбур
Адвокатот Менкиноски ќе ја тужи Бугарија во Стразбур поради десетгодишната забрана за патување во Шенген-зоната. Стапил во контакт со реномирани компании од Франција и Израел, кои ќе го застапуваат во тужбата против Бугарија пред судот во Стразбур. За случајот известено и нашето МНР.

Уште една тужба против Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Овојпат за 10-годишната забрана за влез на адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува Македонците кои живеат во источниот сосед. Две реновирани адвокатски фирми од Франција и Израел ќе го застапуваат Менкиноски за нарушување на основното право за извршување на адвокатската дејност.
Прогласен сум за национална опасност пред одлуката на Советот за Европа за непочитување на 17 пресуди за организациите на Македонците во Бугарија во мај оваа година, вели Менкиновски.
За случајот ќе реагира и МНР.
Менкиноски веќе е во контакт со бугарскиот Хелшински комитет и Амнести Интернешнл и со европски амбасадори во земјава, на кои им изнесува зошто му е забранет влез во Бугарија и Шенген-зоната.
Ирина Гелевска
