Последица од кризата на Блискиот исток

Драстичен скок на цените на горивата

09.03.2026 16:20

Експертите предупредуваат – цената на нафтата може да оди и до 150 долари за барел ако Ормутскиот теснец остане затворен. Властите уверуваат дека има доволно нафта и нафтени деривати и дека ќе интервенираат со мерки при драстичен скок на цените.

Дизелот поскапува за 14,5 денари за литар, бензините за 5 денари, откако цената на суровата нафта на светските берзи надмина 118 долари за барел, највисока во последните четири години. Екстра лесното скокна за 12,5 денари, повисока цена има и мазутот.

Експертите предупредуваат – цената на нафтата може да оди и до 150 долари за барел ако Ормутскиот теснец остане затворен. Последиците ќе ги почувствуваат транспортниот сектор, индустријата, земјоделството.

При драстичен скок на цените, Владата може да преземе мерки како намалување на данокот или на акцизата-вели Чаушески.

Властите уверуваат дека има доволно нафта и нафтени деривати и дека ќе интервенираат со мерки при драстичен скок на цените.

Според економистите, поголем е ризикот од ценовен шок, отколку недостаток на горива.

Александра Велинова