Сите македонски државјани од Блискиот Исток ќе бидат евакуирани до средината на неделава
По успешната евакуација на 151 нашинец од Дубаи, до средината на неделава треба да се организира извлекувањето и на преостанатите кои побараа помош да го напуштат Блискиот Исток. Приоритет имаат жените и децата, туристите, како и оние кои немаат постојан престој во земјите од кризното жариште...

Над 500 граѓани побарале да бидат извлечени од ризичните земји на Блискиот Исток. Најголем дел од нив 430 побарале евакуација од емиратите. Министерот за надворешни Муцунски уверува дека процесот е во крајна фаза и дека до крајот на неделата нашинците ќе се вратат дома.
Уште два авиона од Дубаи во Скопје треба да слетаат неделава. Евакуацијата подготвена и за 89 Македонци од Доха, 36 од Кувајт и 15 од Бахреин. Петмина се пријавиле од Саудиска Арабија, и преку Ријад ќе бидат вратени во земјава. Вчера во Скопје слетаа првите 150 Македонци од Дубаи меѓу нив и десетина странци. Иако пријавени 14 граѓани не се качиле на летот за Скопје.
Од Израел со владиниот авион во земјава беа евакуирани 6 Македонци, уште 6 со помош на ДКП во Тел Авив беа вратени со комерцијален лет. Останува да биде извлечено уште едно лице, но тоа ќе се случи кога ќе се создадат безбедносни услови вели Муцунски. Предност имаат жените, децата и туристите заглавени во ризичните подрачја. Летовите ќе бидат платени од Владата.
Викторија Милевска
