Протест во Битола, граѓани бараат да се реши проблемот со уличните кучиња
Откако пес искаса четиригодишно девојче во Битола и му нанесе тешки повреди, попладнево во градот се одржа протест со барање да се реши проблемот со кучињата – скитници.

Куче од расата Кангал му го распара лицето на четиригодишно девојче. Животозагрозувачки напади врз луѓе од страна на кучиња скитници не се првпат. Поради тоа, маса народ се собра пред општинската зграда во Битола.
Малата Емир од петокот е хоспитализирана на одделот за максилофацијална хирургија.
„На 6-ти март е примено четири и полгодишно девојче со отворени рани на лицето, трупот и на левата рака. Постоперативната состојба е уредна, а пациентката се заздравува на максилофацијалниот оддел“, велат од ЈЗУ Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.
„Неовластеното чување и тренирање кучиња за борби, хранење на бездомните на Широк сокак од страна на граѓани, како и неосновани пријави за надомест на штета се проблеми кои треба да ги решиме, но сето ова не може за пет дена“, рече градоначалникот Коњановски.
Во 2025-та година на територијата на Битола се пријавени 289 каснувања од бездомно куче.
Ружица Ѓоршевска
