САД-Русија
Телефонски разговор Путин-Трамп
10.03.2026 10:30
Според извештаите од Кремљ, фокусот бил ставен на жешките точки кои ја диктираат светската безбедност, конфликтот со Иран и војната во Украина...

Во момент на сериозни глобални превирања, претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, одржале телефонски разговор кој траел речиси еден час. Според извештаите од Кремљ, фокусот бил ставен на жешките точки кои ја диктираат светската безбедност, конфликтот со Иран и војната во Украина.
Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, го оцени разговорот како деловен, конструктивен и информативен.
