Чучер-Сандево
Мицкоски на увид во изградба на пречистителна станица во Чучер-Сандево
10.03.2026 08:49
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните работи за изградба на пречистителна станица во Кучевишка Бара, во Општина Чучер-Сандево. Проектот е вреден околу 129 милиони денари...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните работи за изградба на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, во рамки на Општина Чучер-Сандево.
Како што информира владината прес-служба, вредноста на проектот изнесува 129.717.440 денари.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
