Исламската држава обезглави британски хуманитарен работник
Припадниците на „Исламската држава“ вчера објавија дека обезглавила уште еден човек од западните земји. Тоа е трето обезглавување во последните неколку недели.
„Чин на чисто зло“ – го нарече британскиот премиер Дејвид Камерон убиството на британскиот заложник од страна на „Исламската држава“. Тој рече дека неговата земја ќе стори се што е во нејзина моќ да ги доведе убијците пред лицето на правдата.

„Ова е подло и одвратно убиство на невин хуманитарен работник. Тоа е чин на чисто зло“, стои во изјавата на британскиот премиер. Камерон додава дека „ловот на овие убијци“ ќе трае се додека не бидат пронајдени.
Со изјава се огласи и американскиот претседател, кој остро го осуди „варварското убиство на Хејнс од страна на терористичката група.
Дејвид Хејнс е татко на две деца и живееше во Перт, во Шкотска. Тој беше киднапиран во Сирија, во март минатата година, додека работел за агенцијата за техничка соработка и развој, која е француска добротворна организација.