МВР
Лажна дојава за бомба во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
10.03.2026 12:20
Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е примена закана за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки од страна на полицијата е утврдено дека е лажна...

Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е примена закана за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки од страна на полицијата е утврдено дека е лажна.
Веднаш по добивањето на информацијата, учениците и вработените биле евакуирани од објектот според утврдените безбедносни протоколи.
Заканата била испратена преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Штип.
Службени лица на МВР веднаш излегле на терен и извршиле детален антитерористички преглед на училишната зграда.
