Јавна администрација

Минчев: Знаењето на службениците не е трошок

10.03.2026 14:01

„Само преку силен човечки капитал можеме да изградиме силна, модерна и европска држава“ – порача министерот за јавна администрација Минчев. Надежта е во воспоставувањето на Академијата за јавна администрација со која за првпат се создава институционален столб за системско и континуирано стручно усовршување на службениците.

Крај на импровизациите и почеток на нова ера каде стекнатите знаења, вештини и покажаните резултати на службениците ќе бидат директно поврзани со нивното напредување во кариерата. Вложувањето во знаењето и вештините на службениците не е трошок, туку стратешка инвестиција во иднината на државата, истакна министерот Минчев.

Ресорниот министер ја истакна и важноста на меѓународната соработка во процесот на реформите.

Академијата за стручно усовршување на службениците се очекува да почне да работи во почетокот на наредната година.

Ана Јосифоска