Едночасовните телефонски разговор меѓу Трамп и Путин
Во момент на сериозни глобални превирања, претседателите на САД и Русија на телефонска линија.Во фокус, жешките точки кои ја диктираат светската безбедност – конфликтот со Иран и војната во Украина.

Во момент на сериозни глобални превирања, претседателите на САД и Русија на телефонска линија. Во едночасовните разговори меѓу Трамп и Путин главен фокус бил ставен на жешките точки кои ја диктираат светската безбедност – конфликтот со Иран и војната во Украина. Москва и Вашингтон ги оценија разговорите како искрени и конструктивни.
„Трамп го повика Путин да разговараат за голем број исклучително важни теми поврзани со актуелниот развој на меѓународната ситуација. Акцентот секако беше ставен на ситуацијата околу конфликтот со Иран и билатералните преговори за решавање на украинското прашање. Разговорот беше деловен, искрен и конструктивен“, изјави Јуриј Ушаков • помошник на рускиот претседател Владимир Путин.
„Имав многу добар разговор со претседателот Путин, со многу луѓе на линија од наша и негова страна. Разговаравме за Украина и за Блискиот Исток. И тој сака да биде од помош. Реков дека би можеле да бидете покорисни со тоа што ќе завршите со војната Украина-Русија. Тоа би било од помош. Но, имавме многу добар разговор и тој сака да биде конструктивен“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
