Македонија

Град Скопје: Нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“

10.03.2026 13:46

Со овој проект ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот.

Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче, во општина Аеродром, информираат од Град Скопје.

Со овој проект ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот.

Проектот е реализиран во соработка со општина Аеродром и ЈП „Водовод и канализација“, а неговата цел е решавање на долгогодишните инфраструктурни проблеми со кои се соочуваа жителите на улицата.

Со реконструкцијата на улицата „Лисец“ значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните, како и условите за сите учесници во сообраќајот кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница.

Надлежните најавуваат дека инвестициите во инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период, со реализација на повеќе капитални проекти во различни делови од градот.