МВР

14 пријави за семејно насилство во едно деноноќие, четири лица уапсени

10.03.2026 20:40

Според информациите од полицијата, случаите опфаќаат физички напади, закани и агресивно однесување меѓу сопружници, поранешни партнери, родители и други членови на семејството.

Во последното деноноќие во полициските станици низ земјава се евидентирани вкупно 14 пријави за семејно насилство, а четири лица се лишени од слобода во Скопје, Кавадарци и во гостиварскиот регион.

Според информациите од полицијата, случаите опфаќаат физички напади, закани и агресивно однесување меѓу сопружници, поранешни партнери, родители и други членови на семејството.

Во гостиварско е приведен 21-годишник по пријава од неговата 23-годишна невенчана сопруга дека физички ја нападнал и употребил остар предмет. Во Кавадарци е уапсен 65-годишен маж кој, според пријавата, физички ја нападнал својата 64-годишна сопруга.

Во Скопје се приведени и 68-годишен маж, кој му се заканувал со остар предмет на својот син, како и 31-годишник кој физички ја нападнал својата бремена сопруга.

Полицијата регистрирала и повеќе други случаи на физички напади и закани меѓу сопружници, партнери и други членови на семејството во Скопје, Охрид, Гостивар и Кичево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случаите, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.