Регулаторна

РКЕ да биде пофлексибилна во одредувањето на цените, советуваат експертите

10.03.2026 16:36

Регулаторната комисија носи одлука според формула на берза и курсот на доларот, но енергетските експерти бараат да се направи правилникот за регулирање на цените на горивата според потребите. Скокот на цената на нафтата беше очекуван, но не и драматичен, вели за МТВ професорот Константин Димитров. Паралелно, референтната цена на нафтата падна на 90 долари за барел, откако Доналд Трамп кажа дека војната со Иран ќе заврши брзо.

Да се донесе Правилник за регулирање на цените на горивата според потребите, советуваат енергетските експерти, бидејќи во моментов, Регулаторната комисија ја прави пресметката еднаш неделно. Професорот Константин Димитров за МТВ вели дека скокот на цената на нафтата бил очекуван, но не и драматичен, иако предупредува дека Македонија е целосно зависна од увоз на нафта, па цените на домашниот пазар директно се поврзани со движењата на светските берзи.

Дека цената на нафтата не зависи од нас, смета експертот за енергетика Митко Андреевски, кој смета дека е потребно да се врати стариот правилник што овозможуваше и дневно да се прават корекции.

Цената на нафтата на светските берзи падна на околу 90 долари за барел по претходниот шок, што кај нас резултираше со зголемување на цената на дизелот за 14,5 денари за литар, а на бензинот за 5 денари, и создаде редици пред бензинските пумпи.

Соседните земји свикаа вонредни седници и донесоа превентивни мерки. Кај нас Владата смируваа дека имаме резерви и дека имаме најниски цени на горивата во регионот.

 

Борис Грујоски