УЈП

Сивата економија и натаму останува системски предизвик

10.03.2026 17:57

Секоја четврта компанија не издава фискални сметки, покажале контролите на УЈП. Најголем дел неправилностите забележани во угостителството, трговијата на мало, услужните дејности.

Секоја четврта фирма во Македонија не издавала фискални сметки. Во над 6.000 контроли, Управата за јавни приходи изрекла 3.200 казни, привремена забрана за работа добиле 120 деловни објекти. Најмногу неправилности има во угостителството и туризмот.

Во УЈП, формиран Совет за даночна усогласеност во состав на повеќе државни органи кои треба да дадат институционален пристап во сузбивањето на нелојалната конкуренција.

Овие активности следуваат откако минатиот месец беше потпишана декларација за партнерство и акција за формализација на неформалната економија.

Викторија Милевска