Македонија

Во Прилеп претставен Законот за работно ангажирање лица

10.03.2026 15:32

Работодавците од земјоделството, угостителството и услужните дејности почнаа да се запознаваат со начинот на ангажирање лица преку новиот закон кој стапи во сила од почетоков на годинава. Најбитно е што младите, студентите, невработените, социјалните случаи, пензионерите нема да ги загубат своите права, а ќе се сузбива сивата економија. Преку „фер ангажман, законот претставен пред работодавците од прилепскиот регион...

Од домот, од нивата или од кафулето може веднаш да стигне електронската пријава за работен ангажман на млади, студенти, пензионери, невработени, социјални случаи.

Вака ќе функционира новиот Закон за работно ангажирање лица кој надлежните почнаа да им го објаснуваат на работодавците од земјоделството, угостителскиот сектор и од услужните дејности. Најбитно, нема да се загубат правата по кој било основ.

Аплицирањето е усогласено со системите на е-работа на Агенцијата за вработување и со е-даночни услуги на УЈП.

Законот треба да ја сузбие сивата економија.

Според проценките со Законот за работно ангажирање лица ќе бидат опфатени повеќе од 20.000 луѓе во земјава.

Елизабета Митреска