Предлог-закон за јавно обвинителство

Филков: Со Законот за јавно обвинителство се создава модерен обвинителски систем

10.03.2026 17:01

Измените на Законот за јавното обвинителство пред пратениците, на пленарна седница. Измените го поминаа и филтерот на Венецијанската комисија. Неделава ќе се одржи и јавна расправа, на која ќе учествуваат претставници од фелата, експерти, професори.

Со Законот за јавно обвинителство се создава модерен обвинителски систем, посочи пред пратениците министерот за правда, Игор Филков. Се создаваат услови за поефикасно, потранспарентно и поодговорно функционирање на јавното обвинителство – преку изборот, функционирањето, но и дисциплинските мерки.

Опозицијата и покрај дадената позитивна оценка од Венецијанската комисија, со низа забелешки за законот. Нема јасна граница меѓу организациската хиерархија и независноста, а негодуваат и за одлуката после две негативни оценки обвинителот да биде разрешен.

Пратениците од власта, пак велат, сè е подредено кон силно и независно Обвинителство. Обвинителите треба да одговараат за својата работа.

За Законот за обвинителство веќе се најавуваат амандмани за негово подобро функционирање во пракса.

Миле А. Ристески