Американците сакаат златна одмазда против Србија!
Митот за „Дрим тимот“ одамна падна, но Соединетите Американски Држави секогаш се главни фаворити за златниот медал на големите натпреварувања. Нема да биде исклучок ниту финалето на Светскиот шампионат во Шпанија. Сепак во мадридскиот дуел, Американците во Србија ќе имаат противник кој не се плаши од моќта на НБА ѕвездите.

„Подготвени сме да играме за злато, не знам дали ќе го освоиме, но можеме против сите, а ќе видиме дали Ммериканците можат против Србија“, вака селекторот Ѓорѓевиќ ја подгрева атмосферата и го крева моралот на своите кошаркари во првиот дуел со САД по славното четвртфинале во Индијанаполис пред осум години. Тогаш, Југославија составена од играчи од Србија и од Црна Гора ги шокираше Американците, а потоа стана само втората репрезентација којашто по Бразил го одбранила трофејот Таква е целта и на Американците кои победија во сите осум натпревари со во просек од по 32 поена разлика.
Статистиката вели дека кошаркарите на САД би требало да доминираат во скоковите, додека Србите да им парираат во шутот од игра и пред се за три поени, благодарение на досега расположените Теодосиќ, кој е прв фаворит за мундијалски МВП, како и Богдановиќ. Почетокот на финалето на седумнаесетиот Светски куп, односно шампионат е во 21 часот.