83 години од депортацијата на битолските Евреи
Со бројни активности во Битола одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта „Треблика“. По 1.000 години од постоењето на еврејската заедница, денес во градот нема ниту еден жив Евреин.

11-ти март 1943-та година, депортација на македонските Евреи во логорот на смртта „Треблинка“. Рашел Шели е внуката на д-р Хаим Абраванел кој го преживеал холокаустот, која живее во Израел. Изрази жалење што моменталната состојба во земјата ја спречи денеска да биде во Битола.
На 83 годишнината од нацистичкиот терор, висока собраниска и владина делегација како и делегација на еврејската заедница и од локалната самоуправа, упатија пораки и положија свежо цвеќе пред Камената Менора-споменик на жртвите од холокаустот, како и пред споменикот на Естреја Овадија Мара.
Германскиот свештеник, Ханц Шулц од Баден Баден, Германија, и овојпат се вклучи со молитва за помен на душите на трагично починатите Евреи од Битола, Штип и од Скопје.
Поради моменталната состојба во Израел, „Маршот на живите“ по Широк сокак овојпат не се одржа.
Ружица Ѓоршевска
