Иран не го дели оптимизмот на Трамп
Иран ги отфрла најавите од Трамп за скорешен крај на војната – порачува дека е подготвен за долгорочен отпор. Путин нуди посредништво за решавање на кризата.

Операцијата „Епски бес“ во Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје, но целите се речиси исполнети и војната би можела наскоро да заврши, објави американскиот претседател.
„Војната е речиси завршена. Се што имаа е исчезнато, вклучително и нивното лидерство. Додека ја продолжуваме операцијата се фокусираме и на одржување на протокот на енергија и нафта во светот. Нема да дозволам терористичкиот режим да го држи светот како заложник, а ако го сторат тоа, ќе бидат уште потешко погодени“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
„Иран стои сам и ја губи војната. На десеттиот ден од операцијата „Епски бес“, ние победуваме со огромен и непопустлив фокус на нашите цели“, нагласи Пит Хегсет, секретар за војна на САД.
Техеран негира дека војната е завршена и најави дека тие ќе го одредат крајот. Заливските земји јавија за пресретнати ирански дронови и ракети. Регистририрани напади и во Израел.
„Тоа е еден од лажните наративи што ги произведува владата на САД. Иранската војска е силна. Го имаат оружјето што им е потребно-произведено во Иран, не сме зависни од која било друга земја за оружје и вооружување. Подготвени сме за долга војна. Не гледаме простор за дипломатија“, изјави Камал Харази, советник за надворешна политика во канцеларијата на Врховниот лидер.
Во исто време, Кремљ објави дека понудата на Путин за посредување во иранскиот конфликт, сè уште e на маса.
„Од самиот почеток на оваа ситуација, дури и пред да почнат борбите, претседателот Путин предложи различни опции за наше посредништво и услуги што би можеле да помогнат во намалувањето на тензиите. Многу од овие предлози сè уште се на маса“, рече Дмитриј Песков • портпарол на Кремљ.
Укинувањето на американските санкции врз извозот на руска нафта не било дискутирано за време на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, објави Кремљ.
Маријана Димовска
