Николоски во Вашингтон на средби во Светска Банка
Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашингтон САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка...

Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашингтон САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка.
На средбата се разговараше за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка за развојни проекти во државата. Вицепремиерот Николоски истакна дека поддршката на Светска банка е значајна во делот на инфраструктурата и транспортот и најави нови проекти за општините.
Вицепремиерот е еден од главните говорници на Глобалниот настан „Transforming Transportation 2026“, во Вашингтон во организација на Светска банка, каде се говори за развојот на инфраструктурата и транспортот и неговото влијание за економскиот развој.
