Руско-украински конфликт

Нова рунда преговори меѓу Украина и Русија следната недела

11.03.2026 08:11

Зеленски рече дека средбата би можела да се одржи во Швајцарија или во Турција...

САД предложиле нова рунда разговори следната недела меѓу Украина и Русија, со американско посредување, објави украинскиот претседател. Зеленски рече дека средбата би можела да се одржи во Швајцарија или во Турција. 

Според него, Киев останува подготвен за разговори во секој момент, доколку форматот е реален и може да помогне за крај на војната.