Пораз на Јотовски!
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски е поразен и во второто ИТФ - фјучрс финале во кариерата. Во мечот за пехарот на 10 илјади долари вредниот турнир во Суботица - Србија, Јотовски загуби од домашниот тенисер Дејан Катиќ со 6:4 и 6:2.
Јотовски, кој пред две недели беше поразен во финалето во Ваљево, денешниот меч го загуби во финишот на првиот сет кога од 1:5 се врати и сервираше за израмнување, но направи двојна сервиш грешка. Во вториот сет, решавачки беше вториот брејк за 3:1 за Катиќ.