Временска прогноза

Сончево со мала локална облачност

11.03.2026 08:14

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.