Случај „Епстин“

Почна претресот на ранчот во Ново Мексико

11.03.2026 12:00

Претресот следува по новите откритија во документите на ФБИ...

Истражителите во американската држава Ново Мексико почнаа со претрес на поранешниот ранч на сексуалниот престапник Џефри Епстин, познат како ранчот Зоро. Претресот следува по новите откритија во документите на ФБИ. 

Првичната истрага беше затворена во 2019 година на барање на федералните обвинители во Њујорк, но по новите објави постојат сериозни сомневања дека имотот можеби бил користен за сексуална злоупотреба и трговија со млади жени, а има дури и извештаи за закопани тела.