Одбележување

Одбележување на Светски ден на бубрегот со настан за подигнување на свеста

11.03.2026 09:34

Клиниката за нефрологија денеска организира настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот...

Универзитетската клиника за нефрологија денеска организира настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот.

На настанот се очекува да присуствуваат министерот за здравство Азир Алиу, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, директорот на Клиниката, Никола Ѓорѓиевски, како и националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.

Настанот има цел да ја подигне свеста за значењето на здравјето на бубрезите, како и за превенцијата и навременото откривање на бубрежните заболувања.