Северна Кореја
Ким Џонг Ун набљудува ракетни тестови од воен брод
11.03.2026 09:13
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун заедно со својата ќерка присуствуваше на ракетни тестови од воен брод, вторпат за една недела...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговата ќерка набљудуваа ракетни тестови од воен брод, по вторпат за само една недела.
Од Пјонгјанг велат дека целта е да се демонстрира стратешката офанзивна положба на морнарицата. Тестовите следуваат во почетокот на пролетните воени вежби на САД и Јужна Кореја, кои Северна Кореја ги смета за проба за инвазија.
11-дневната вежба „Штит на слободата“, која почна во понеделник, е во голема мера компјутерски симулирана командна вежба и ќе биде придружена со програма за обука на терен.
