Одбележување
Еврејската заедница во Македонија одбележува 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи
11.03.2026 10:45
Еврејската заедница во Македонија ја одбележува 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.

Еврејската заедница во Македонија ја одбележува 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.
Премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен-обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод годишнината.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска присуствуваше на комеморацијата за Холокаустот на македонските Евреи депортирани во 1943 година.
