Правда

Средба Филков-Маричиќ

11.03.2026 19:11

Филков оствари работна средба со претседателот на Државната изборна комисија Бојан Маричиќ, потпретседателот на ДИК Абдуш Демири и членот на Комисијата Ангелчо Ристов.

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претседателот на Државната изборна комисија Бојан Маричиќ, потпретседателот на ДИК Абдуш Демири и членот на Комисијата Ангелчо Ристов.

На средбата се разговараше за реформите во изборното законодавство, како и за важноста од тесна институционална соработка помеѓу Министерството за правда и Државната изборна комисија во процесот на подготовка на законските измени.

Се дискутираше и за можностите за унапредување на постојната законска рамка, зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на изборниот процес, како и усогласување на изборното законодавство со современите демократски стандарди.

Претставниците на ДИК најавија дека во наредниот период ќе достават свои предлози и сугестии, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група формирана за подготовка на реформите во изборното законодавство.

Соработката меѓу институциите е клучна за креирање стабилен, транспарентен и доверлив изборен систем, во интерес на граѓаните и демократските процеси во државата.