Одбележување

83 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка

11.03.2026 17:18

„Сеќавањето е наша морална должност, борбата против омразата наша историска одговорност“.Земјава ја одбележува 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи ...

Кадиш олитва во помен на 7144 наши сограѓани зад кои останаа затворени дуќани, неиспиени кафиња, недочитани книги, неиспратени писма, тишина која силно одекнува. За оние посреќните кои ја избегнаа депортацијата во Треблинка сега раскажуваат нивните потомци и пријатели.

„Мојот татко Нисим Алба од Битола преживеа бидејќи отишол во партизани и друг никој од семејството не преживеал“, изјави Мешулам Нисим Алба.

„Бискупот Чекада кој бил на служба овде спасил неколкумина Евреи и тоа треба да се памети“, изјави Ана Лебел од Сплит.

Не смее да се спори камен обележјето во Треблинка за македонските Евреи поради политички спорови, порача претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви, тој камен не е геополитичка формула, не е дипломатски став, туку историја на македонските Евреи, историја на Македонија.

Германија ја признава одговорноста, и не смее никогаш повеќе да дозволи да се молчи пред злосторствата, уверува амбасадорката Дрекслер. Македонија ја потврдува вистината, и се сеќава на обврската, вели премиерот Мицкоски.

 

Фиљана Кока