Македонија

Синдикатот на културата поднесе кривична до Љутков

11.03.2026 17:39

Кривична пријава до министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос...

Кривична пријава до министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос. Претставници на Синдикатот за култура велат дека ја поднесуваат со жалење, бидејќи до неодамна бил еден од нив – колега и член на синдикатот, кој заедно со нив се борел за правата на културните работници.

Тврдењата за злоупотреба на службената положба се неосновани и неточни, министерот Зоран Љутков ја нарече срамна прес-конференцијата, вели синдикатот бара незаконска пресметка на платите. Во државава во сила е општиот колективен договор за јавен сектор, заради усогласување според него бил понуден анекс што синдикатот го одбил. Љутков вели, моја обврска е да обезбедам систем каде правилата важат подеднакво за сите, без привилегии и без исклучоци.

Одржавме два состаноци вели Љутков, но не најдовме заедничко решение, бидејќи тие доаѓаат кај мене со ултиматум вели. Додаде дека ако претходниот министер потпаднал под такво влијание и донел погрешно решение, тој нема да го стори тоа и ќе оди до крај во ова.

Александра Спировска