Граѓани веруваат во демократијата, но сметаат дека изборниот систем е неправеден
Научниците кои беа вклучени во ова истражување посочуваат дека граѓаните за лидери на земјава би избрале независни експерти, или бизнис лидери а помалку политички профилирани личности, односно лидери на партии...

Македонските граѓани веруваат во демократијата како најправеден облик на владеење, но сепак изборниот систем сметаат дека е неправеден и затоа можеби е неопходно да се вршат реформи во изборното законодавство за да се зголеми граѓанското учество во изборите, дел од заклучоците на меѓународното истражување компаративна анализа на изборниот процес во глобални рамки.
Ректорката на Универзитетот го поздрави учеството на Институтот за политички и правни истражувања на УКИМ во овој проект.
Научниците кои беа вклучени во ова истражување посочуваат дека граѓаните за лидери на земјава би избрале независни експерти, или бизнис лидери а помалку политички профилирани личности, односно лидери на партии. Сепак според нив, иако партизацијата во општеството е значителна, подобро би било за важни општествени прашања граѓаните да се изјаснуваат почесто на референдум, за практикување на непосредна демократија.
Истражување на изборните системи е спроведена од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања со поддршка од швајцарската програма за поддршка на изборите како и со грант од Американската национална научна фондација.
Игор Панов
