Македонија

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за уставноста на измените на Законот за прекршоци

11.03.2026 16:01

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за уставноста на измените на Законот за прекршоци во делот на употребата на албанскиот јазик, поседувањето на интернет, важноста на целата територија на државата и заштитата на личните податоци. Мнозинството судии поддржаа дека не е нарушена уставноста на законот за прекршоци за системот „Безбеден град“.

Уставните судии ги отфрлија сите иницијативи за испитување на уставноста на измените на Законот за прекршоци за системот „Безбеден град“.

На седницата, уставните судии се поделија за испитување на уставноста на измените на законот за прекршоци во делот на пораки на албански јазик, поседување на мобилни телефони или емајлови, покриеност на целата територија и заштита на личните податоци.

Мнозинството судии го прифатија извештајот на известителот судија дека не е нарушена уставноста ако пораките не се испратат на албански јазик оти се почитува законот за употреба на јазиците, секој има мобилен или интернет врска и системот по Скопје, Тетово и Куманово ќе се прошири низ целата држава.

 

Ирина Гелевска