37 странски лекари и експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција на Владата за трагедијата во Кочани
Во пресрет на одбележувањето на една година од трагедијата во Кочани најавени низа настани во земјава. На меѓународна конференција ќе ги споделат искуствата 37 лекари и медицински експерти од Европа и од регионот кои ги лекуваат повредените ќе ги споделат искуствата. И Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на годишнината од трагедијата...

37 лекари и медицински експерти од Европа и од регионот кои во најтешките денови по пожарот во Кочани ги лекуваат повредените, ќе дојдат во земјава. На меѓународна конференција ќе ги споделат искуствата. Ќе се анализира како Македонија одговори на трагедијата, но и кои се потребните системски решенија кои треба да придонесат за подобра подготвеност на здравствените системи во иднина. Координацијата на институциите, третманот на изгорениците и долгорочниот процес на закрепнување на пациентите – ќе бидат главните теми.
„Ќе зборуваме како од искуство се стигнува до нови решенија, за улогата на заедницата, институциите, научените лекции. Ќе се дискутира за болничките капацитети во услови на криза, европските стандарди и меѓународната соработка, како и за улогата на хуманитарните организации и поддршката од заедницата. Ќе се презентираат идните решенија и системските чекори кои ги преземаат институциите“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.
И Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на годишнината од трагедијата. Содржините имаат духовен и комеморативен карактер, ќе има настани од културата. Одбележувањето почнува на 14-ти март и ќе се одвива на повеќе локации во градот.
Централното одбележување е на 16-ти март, денот кога се случи трагедијата. Пред дискотеката „Пулс“ во 2 часот и 15 минути по полноќ ќе се одржи настан „Светлината што останува“.
Андријана Ѓурческа
