Алиу: Ќе се менува законот за трансплантација на органи
„Ќе се менува законот за трансплантација на органи“ најави министерот за здравство. Новина ќе бидат донорски картички. Со сегашното решение, некои од потенцијалните донори се премислуваат по сугестија на семејството, по со што се урива целата процедура непосредно прес да се изврши.

Од 13 потенцијални донори минатата година само три семејства дале согласност да се трансплантираат органи. Годинава од 6 шест пациенти кај коишто настапила мозочна смрт во болница, ниту едно семејство не дозволило органите да продолжат да живеат. Надлежните планираат измени на законот за трансплантација.
Ќе се зголемат можностите и за добивање орган од жив дарител. На 13% од бубрежно болните им се трансплантира нов бубрег.
Околу 150 пациенти чекаат да добијат орган преку трансплантација. Од нив, најголем дел чекаат бубрег, помалку од 100, 30 чекаат срце, 14 чекаат црн дроб, и 13 пациенти за рожница.
Наташа Јанчиќ-Менковски
