Бинош се бори за намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните
На отворената средба со лјубителите на филмот и новинарите актерката Жулиет Бинош ги инесе нејзините видување за филмската уметност како и нејзините активности надвор од филмското платно. Големата актерка и хуманистка се чуди зошто Македонија сеуште не е дел од ЕУ. Оскаровката и добитничката на наградата „Златна Камера 300“ за особен придонес во филмската уметност денеска заминува од Битола.

Цената што ја плака актрот е голема. Секој филм бара посебна подготовка затоа што секој режисер има свој стил на работа вели светски познатата француска актерка Жулиет Бинош. Но за неа за создавање на едно големо филмско ремек дело од големо значење се и кинематограферите. Луѓето без кои ниту еден фијлм не може да ја долови вистинската атмосвера.
„Исто како и во животот некогаш плачеме а некогаш се смееме, разликата на филмското платно е во тоа што тука ја глумиме. Кинематографскиот кадар е оној преку кој публиката трба да ги восприми на вистински начин“, вели актерската дива Жулиет Бинош.
Освен преку филмското платно по вистината и неправдата трага и во приватниот живот. Хуманистката која постојано помага за гладните деца во светот и е кума дури на девет сираци од Камбоџа, се чуди зошто Македонија сеуште не е дел од ЕУ. Вели дека и понататаму силно ќе се бори за намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните.
„Свеста и совеста за мене се најважни. Не можрте да правита промени надвор ако сами не се промените од внатре, од душата. Јас знам дека сите ние имаме некаква моќ и затоа е потребно да се вклучиме во добротворните работи и се помогне со реални акции. Мојот инстикт ми вели помагај околу тебе со големи емоции“, рече француската актерка Жулиет Бинош.
Звездата на фестивалот и добитничка на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност со хуманитарни порака попладнето замина од Битола. Инаку филмскиот маратон вечерва продолжува со прикажувањето на македонскиот историски спектакал „До балчак“ во режија на Столе Попов. Организаторот вели дека интерасот е голем па се размислува за уште една проекција со што би се собрале дополнителни средста кој ке се искористат за подмирување на неплатените долгови.
Стевче Митревски
