Во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
На претходното, во понеделникот, сведочења за тоа како била набавена и користена пиротехниката, а се отвори и прашањето за институционалните пропусти...

Со сослушување сведоци на Обвинителството, во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното, во понеделникот, сведочења за тоа како била набавена и користена пиротехниката, а се отвори и прашањето за институционалните пропусти. Единствената вработена во подрачното одделение на дирекцијата за заштита и спасување во Кочани сведочеше дека таму не била примена документација за „Пулс“ и оти градот со години немал инспектор за заштита и спасување.
На денешното рочиште се очекува јавниот обвинител да се произнесе по барањето на поранешниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов, куќниот притвор да му биде заменет со мерки на претпазливост.
