Македонија
Евакуирана трета група македонски државјани од Блискиот Исток
12.03.2026 08:31
За една недела од Блискиот Исток беа евакуирани речиси 300 македонски државјани...

153 македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и од Бахреин, со специјален лет од Ријад, доцна синоќа пристигнаа на приштинскиот аеродром, а потоа организирано дојдоа во Скопје.
За една недела од Блискиот Исток беа евакуирани речиси 300 македонски државјани.
Според најавите од Министерството за надворешни работи, процесот на евакуација треба да биде финализиран до крајот на неделава.
