Во Собранието комеморативна седница за годишнината од трагедијата во Кочани
Во Собранието ќе се одржи комеморативна седница за една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица. Се очекува присуство на државниот врв...

Во Собранието ќе се одржи комеморативна седница за една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица. Се очекува присуство на државниот врв. Една година по несреќата, иако беше најавена, сè уште нема договор меѓу партиите за формирање на Анкетната комисија за Кочани, но и за трагедиите во модуларната болница во Тетово и за сообраќајките кај Ласкарци и Дурмо Турс.
Иако Филипче секојдневно најавуваше дека ќе номинираат членови, од СДСМ предлог сè уште нема. Предлог нема и од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека ги чекаат заклучоците на претседателот на постојана.
