Дејвис куп

Финале: Франција - Швајцарија

14.09.2014 17:15

Во тениската елита, Швајцарија ќе и биде противник на Франција во финалето на Дејвис купот.  3:2 за Швајцарија во полуфиналниот двобој со Италија пред 18 илјади гледачи во Женева. Клучен за недостижни 3:1 беше триумфот на Федерер во три сета против Фоњини со којшто Швајцарија се пласираше во само второто финале во историјата и тоа по пауза од 22 години, а големиот Роџер дојде до првата можност да го освои единствениот трофеј што му недостига во богатата кариера. Во дуелот што не решаваше ништо, Сепи со 2:1 го совлада Ламер.

Франција којашто вчера го обезбеди 17-то финале, победата против се уште актуелниот шампион Чешка ја заокружи со 4:1. Во денешните сингл - мечеви на Ролан Гарос коишто не влијаеја на пласманот во пресметката за популарната „салатара“, шанса добија резервистите, па Бенето во два сета загуби од Весели, а Монфис со 2:1 славеше против Росол. Финалето на 103-то издание на тенискиот Дејвис куп меѓу Франција и Швајцарија ќе се одигра од 21 до 23 ноември, а домаќини ќе бидат триколорите кои имаат девет титули.