Русија напаѓа нафтена инфраструктура, обвинува Киев
Русија ги засилува нападите врз украинската нафтена инфраструктура во обид да го нарушат снабдувањето со не руска нафта во Европа-велат од „Нафтогас“. Киев возвраќа на руско тло...

Во сенка на војната во Иран, Русија ги засилува нападите врз украинската нафтена инфраструктура во обид да го нарушат снабдувањето со не руска нафта во Европа-велат од „Нафтогас“. Киев возвраќа на руско тло. Делегациите на Вашингтон и Москва одржаа разговори во Флорида.
Од Кремљ соопштија дека мировните преговори ќе продолжат во Истанбул. Зеленски во интервју за „Политико“ изјави дека САД вршат притисок врз Киев да ја заврши војната со Русија преку преговори, но Украина останува недоверлива кон Москва. Го повика Трамп да изврши поголем притисок врз Путин, а европските лидери да обезбедат долгорочно финансирање за Украина, заобиколувајќи го ветото од Унгарија.
„Ни требаат преговори. Ги поддржуваме. Не ѝ веруваме на Русија, но мислам и верувам дека Американците навистина сакаат да ја завршат оваа војна. Се надевам дека ќе ни помогнат. Украинскиот народ е уморен, но моралот останува висок и не сме подготвени на руски ултиматум за предавање на територија на истокот од земјата“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
