Хозе Антонио Каст положи заклетва како нов претседател на Чиле
Хозе Антонио Каст најави „итна влада“ фокусирана на борба против криминалот и нерегуларната миграција. Тој вети поголема поддршка за полицијата и построги мерки против криминалните групи и мигрантите.

Хозе Антонио Каст положи заклетва како нов претседател на Чиле и најави „итна влада“ фокусирана на борба против криминалот и нерегуларната миграција. Тој вети поголема поддршка за полицијата и построги мерки против криминалните групи и мигрантите.
Инаугурацијата предизвика протести во Сантијаго и Валпараисо, при што полицијата растера групи демонстранти и привремено затвори метро станици.
„Земјата ни беше предадена во полоша состојба отколку што можевме да замислиме, со ослабени јавни финансии, земја каде што организираниот криминал и трговија со дрога напреднале, а семејствата се чувствуваат напуштени од државата. Оние кои влегле во нашата земја нелегално за да извршат злосторства, да експлоатираат други или да ја претворат нашата земја во ничија земја, тоа се непријателите на Чиле и со нив нема да преговараме. Ќе ги гониме, ќе ги најдеме, ќе ги и ќе ги осудиме“, изјави Хозе Антонио Каст – претседател на Чиле.
