ОЈО
Мерки на претпазливост за професорот осомничен за принудување на полов однос во „Лазар Личеноски“
12.03.2026 11:08
Нема притвор за 52-годишниот професор кој беше приведен по пријава на 18-годишна ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“...

Нема притвор за 52-годишниот професор кој беше приведен по пријава на 18-годишна ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, за принудување на полов однос. По барање на обвинителството, судот му определи мерки за претпазливост.
Одземен му е пасошот, има забрана за приближување до девојчето и забрана за извршување на работните обврски.
Од Кривичен уште еднаш појаснуваат дека на осомничен не може да му се определи повисока казна, доколку тоа не го бара Обвинителството.
