Евакуирана нова група од Блискиот Исток
151 патник, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји пристигнаа со третиот организиран превоз...

„Експлозии, тензија, страв“ – сведоштва на групата македонски државјани по побараната евакуација. На аеродромот во Приштина од Ријад пристигнаа македонски граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и од Бахреин.
151 патник, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји пристигнаа со третиот организиран превоз. Со овој авион заврши процесот на евакуација на граѓаните коишто се наоѓаат во Катар, Бахреин, Кувајт и саудиска Арабија, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски.
Министерот апелираше секој граѓанин кој сака да биде евакуиран да ги контактира дипломатските конзуларни претставништва.
Целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од владата преку министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Македонските граѓани коишто пристигнаа на аеродромот во Приштина, слетаа на овој аеродром бидејќи во Скопје сè уште нема потпишано договор за воздушен сообраќај со Саудиска Арабија.
Ана Јосифоска
