ДЗР

Недостиг на кадар во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, констатирал ДЗР

12.03.2026 20:11

Еден од клучните наоди на ревизорите се однесува на начинот на кој институцијата го спроведува пописот на средствата и нивните извори...

Слабости во системот за пресметка и исплата на плати, пропусти во постапувањето по претставките и предлозите од граѓаните, направена процена со нереална вредност на дел од имотот со кој располага институцијата и други неправилности во работењето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) за 2024 година, констатирал Државниот завод за ревизија. Еден од клучните наоди на ревизорите се однесува на начинот на кој институцијата го спроведува пописот на средствата и нивните извори. Во извештајот се констатира и дека не била направена процена на реалната вредност на дел од имотот со кој располага институцијата.

Ревизорите укажуваат и на кадровски проблеми во институцијата, кои можат да влијаат на ефикасноста на инспекцискиот надзор. Оваа институција работи со преку 637 сметки.