Здравство

Над 70 насто од лекарите преживеале насилство, но никој од нив не го пријавил

12.03.2026 16:17

Од пцости преку закани до надлежните, па и закани за животот, трпат лекарите на своите работни места. Најмногу се напаѓани медицинските тимови во ургентните центри и екипите на брзата помош. Министерот за здравство вети брз систем за пријавување насилство...

Од пцости преку закани до надлежните, па и закани за животот, трпат лекарите на своите работни места. Пациенти или нивни роднини знаат и рака да кренат на здравствените работници. Најмногу се напаѓани медицинските тимови во ургентните центри и екипите на брзата помош.

Според податоците на Лекарската комора, над 70 проценти од докторите во земјава се соочиле со насилство, иако лани имало само две кривични пријави за тројца сторители, во Скопје и во Штип.

Последиците од насилството врз докторите се сериозни. Министерот за здравство вети брз систем за пријавување насилство.

Лекарската комора апелира, насилството да се пријавува во полиција и кај нив.

Наташа Јанчиќ – Менковски