Бубрежните заболувања може да се спречат со навремена превенција и современи лекарства
Бубрежните заболувања може да се спречат со навремена превенција и современи лекарства. Трансплантации може да обезбедат понормален живот, порака од пациентите на Меѓународниот ден на бубрегот. Побараа од ФЗО да има лекови од новата генерација и повеќе места за дијализа...

Трансплантацијата е надеж на пациентите од бубрежни заболувања за подобар живот. Апелираа до сите да промовираат донирање на бубрег како најхуман гест за спасување на човечки живот.
За подобрување на состојбата на пациентите, надлежните најавуваат измени на начинот на донирање на органи и проширување на можноста за дијализа и во странство по цени како дома.
Навремена превенција е начин да се намалат пациентите од бубрежни заболувања. За оние што ќе заболат надлежните ветуваат повеќе места за дијализа и терапија.
Ирина Гелевска
