Земјоделство

Струмичките ниви остануваат без македонската ајварка

14.09.2014 18:08

Експертите сметаат дека новите семиња по квантитет се добри, но квалитетот не може да се спореди со куртовската капија...

Да се врати традиционалната куртовска капија на македонско тло, сугерираат експертите. Последниве години напливот на семе од увоз ја истисна македонската ајварка од струмичките ниви, кои во минатото важеле за најголем производител на оваа пиперка на Балканот.

Експертите сметаат дека новите семиња по квантитет се добри, но квалитетот не може да се спореди со куртовската капија.

„Многу значајно е ние да ја вратиме правата сорта од куртовска капија, да не одиме со ние наметнувања со слоново уво или било што друго, бидејќи ако правиш ајвар со слоново уво тој може да ти го изгасне огинот“, вели д-р Ристо Вучков, земјоделски екперт.

Македонија има доволно стручн и институции кои може да произведуваат семенски материјал, не само од капијата, туку и од другите градинарски култури. Сончевите денови, добрата почва одат во корист за искористување на овој потенцијал.

„Имаме одлично градинарство, имаме услови за градинарско производство, преку 90 посто ние имаме увезување на семенски материјали. Не само пиперката, туку од доматите, краставиците, од сето тоа. Ред е од стратешки аспект Република Македонија да има свои производства на семенски материјали“, вели д-р Ристо Вучков, земјоделски екперт.

И земјоделците се жалат на квалитетот на пиперот. Очекуваат квалитетот на родот да е послаб.

„Кога ќе имаме сопствен семенски прозивод, мислам дека ќе производството ќе биде поголемо“, вели Славе Аговски, земјоделец од Дабиле.

Дождливото време нема многу да го десеткува годинепшниот род, сметаат експоертите. Пред се поради се поголемото производство на ајварката под пластеници. Проблем е брзата динамика на снижување и зголемување на откупната цена. Скоро половината од вкупната количина куртовска капија кои во година може да тежи и до 70 илјади тони, ја дава струмичкиот крај.

Катерина Давчева