Реконструкција на спортската сала на УКИМ
Означен почетокот на реконструкцијата на спортскиот објект во комплексот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. По една декада, студентите повторно ќе имаат спортска сала. Инвестицијата на министерството за млади и спорт изнесува 56 милиони денари и предвидува реконструкција и адаптација на овој објект, којшто десетина години беше руиниран, неупотреблив и без сопственик.

По една декада, студентите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ повторно ќе имаат спортска сала. Инвестицијата на министерството за спорт, која изнесува 54 милиони денар. Предвидува реконструкција и адаптација на постојниот спортски објект во универзитетскиот комплекс, кој десетина години е неупотреблив, руиниран и без сопственик. Рокот за завршување на проектот е до крајот на годинава, но ќе вложиме напори тоа да се случи и порано, вели ресорниот министер.
Најстариот и најголем универзитет во Македонија, заслужува да има модерна спортска сала, студентите задоволни. Велат, конечно се подига студентскиот стандард и се слуша нивниот глас.
По препорака на народниот правобранител, салата најпрвин премина во владение на македонската влада, која пак, сопственоста ја додели на универзитетот. Главниот проект е изготвен од професори од градежен, машински и електротехнички факултет.
Министерството за спорт досега реконструираше пет спортски сали и 45 спортски игралишта.
Марија Котовска
