Собрание

Трагедијата ни одзеде дел од иднината, рече Гаши на комеморацијата за Кочани

12.03.2026 16:49

Во Собранието комеморативна седница, една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки, туку дел од својата иднина рече на комеморативната седница во Собранието претседателот Африм Гаши...

Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки, туку дел од својата иднина. Неповратен дел од нашата душа таа ноќ изгоре во Кочани – рече на комеморативната седница во Собранието претседателот Африм Гаши.

Денешниот собир во парламентот е како ретко кога, без поделби на власт и опозиција ниту како претставници на политички партии или институции, туку како луѓе кои ја споделуваат болката на семејствата, на кои треба да им се испрати порака дека не се сами. Трагедии како оваа покажуват дека одговорноста на институциите е огромна – порача Гаши.

Родителите на загинатите во кочанската трагедија, незадоволни од кажаното, од тоа што собранието одржува комеморација после цела година од трагедијата. Во говорот барем требаше да ги споменат имињата на загинатите деца рекоа родителите.

На комеморативната седница во Собранието присуствуваа и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.

Миле А. Ристески