Наталитет

Повеќе новороденчиња на ГАК во 2025, но демографскиот пад и натаму загрижува

12.03.2026 17:20

Убави вести од ГАК, од каде велат дека во 2025-та година е зголемен бројот на новороденчиња, споредено со претходната. Просечната возраст на жените кои се одлучуваат за прва бременост во ЕУ е 30, додека во Македонија 28 години.

Европските земји се соочуваат со демографска криза. Сепак, убави вести од ГАК, од каде велат дека во 2025-та година е зголемен бројот на новороденчиња, споредено со претходната. Просечната возраст на жените кои се одлучуваат за прва бременост во ЕУ е 30, додека во Македонија 28 години.

Ние сме традиционално општество кое ги почитува традиционалните вредности, но сепак македонската жена сака да биде и реализирана со кариера – вели проф. д-р Слаѓана Симеонова-Крстевска од ГАК и ги посочува ризиците од одложувањето на репродуктивниот процес.

Споредно со децении наназад земјава како и европските се соочува со демографски минус. Статистиката покажува дека 1960 година се родиле речиси 44.100 бебиња, бројката на новороденчиња во 2000 година опаднала на 29.308. Бројот на новороденчиња континуирано опаѓа: од 19.031 во 2020 година, на 16.061 живородено бебе во 2024 година.

Но, радува податокот дека во 2025 – та година се родиле 40 новороденчиња повеќе на ГАК од претходната година.

Репродуктивниот процес во нашата земја некои го почнуваат и на 13 години, над 50-тата се очекувани бремености, а горната граница на возраста е и до 60 години, благодарение на репродуктивните технологии кои им овозможуваат на жените да се реализираат како мајки – објаснува д-р Слаѓана.

Александра Велинова